СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

Детали за апсењето на Аца Лукас во Кавадарци: Зошто српскиот фолкер бил приведен и колкава парична казна платил

Голема драма се случи синоќа на настапот на српскиот фолк пејач Аца Лукас во Кавадарци, кога полицијата го уапси среде пеење во еден локал.

Како што објавија медиумите, концертот на познатиот пејач бил прекинат кратко по полноќ од страна на полицијата.

Настапот на српскиот фолк пејач Аце Лукас во Кавадарци беше прекинат синоќа откако полицајци влегоа во местото каде што настапуваше пејачот, ја запреа музиката и го отстранија од сцената.

Кавадаречката полиција го привела Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, поради тоа што пеел без потребната дозвола.

Инцидентот се случил синоќа, веднаш по полноќ.

„На 22 ноември во 00:10 часот, полицајци од ОВР Кавадарци го приведоа А. В. (57) од Република Србија. Во текот на акциската контрола во угостителските објекти на подрачјето на Кавадарци, полицајските службеници од ОВР Кавадарци, Одделот за криминалистички работи при СВР Велес и инспекторот за странци од Регионалниот центар за гранични работи Југ утврдиле дека А. В. настапува во угостителскиот објект во Кавадарци без потребната дозвола“, соопштила Биљана. Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

Против Александар Вуксановиќ е поднесена прекршочна пријава според член 217, став 1, точка 2 од Законот за странци, а Основниот суд во Кавадарци соопшти дека му е израчена парична казна во износ од 50 евра.

По апсењето, менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ, јавно реагираше и најави одржување на прес-конференција, каде што ќе презентира повеќе информации за случајот, нагласувајќи дека „целата ситуација дополнително ќе ѝ биде објаснета на јавноста“.

Поврзани вести

Гочева најави концерт на „Вајб мјузик фестивал“

Radmila Tasevska

„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Urednik

„Чуварите на формулата” на Бјелогрлиќ од денес во кино Милениум

Urednik