Македонската пејачка Ивона Јовановиќ (29), во јавноста позната како Ивона Јо, пред неколку дена се омажи за својот избраник Кристијан Тодоров (25).
Венчавката следува по само еден месец по романтичното запросување на почетокот на јануари.
Среќната двојка убавата вест ја сподели преку видео на Инстаграм, а Ивона во описот објави и инспиративен библиски цитат:
„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“.
View this post on Instagram
Сега, Ивона објави и неколку фотографии од венчвката, на кои таа и нејзиниот сопруг блескаат од среќа. Во описот на серијата фотографии Ивона напиша кратко: „Те сакам бескрајно“ (Love you endlessly), со емотикон бело срце.
View this post on Instagram
Ивона и Кристијан првата заедничка фотографија ја објавија на социјалните мрежи на почетокот на јануари, а само неколку дена подоцна пејачката откри дека саканиот романтично ја запросил, на што таа рекла „да“.
