СТАНДАРД life
МК Сцена

(Фото) Од Мис Југославија до 21. место на Мис на светот: Што прави денес Матилда Саздова

Матилда Саздова ја освои титулата Мис на Македонија, по што беше избрана и за Мис на Југославија. Македонската убавица ја претставуваше Југославија во 1987 година 37-мото натпреварување за Мис на светот, кое се одржа во ноември во „Ројал Алберт хол“ во Лондон, Велика Британија. На престижниот избор за убавина Матилда го освои 21. место, што беше значаен успех во силна меѓународна конкуренција.

Оттогаш нејзината кариера тргна по нагорна линија. Матилда красеше многу насловни страници, а едно време се појави и на телевизија како водителка на една игра на среќа наречена „3×3“.

Матилда денес живее сосема поинаков, повлечен живот, таа е успешен лектор и професионално е посветена на јазикот и писменоста.

Деновиве, на социјалните мрежи повторно се појави фотографија од Матилда Саздова.

На фејсбук-страницата „ВБУ воскресение 2025“ неодамна беше објавена обвивката од нејзината аудиокасета со наслов „Една солза“, со прашањето: „А, дали сте знаеле дека прекрасната Матилда Саздова има свое музичко издание?“. Објавата повторно го актуализираше интересот за нејзината кариера.


На социјалните мрежи претходно се појави и фотографија од Саздова на ручек со пријателка, на која може да се забележи дека и по децении ја задржала препознатливата убавина.


Инаку, Македонија имала досега 2 убавици кои во времето на поранешна Југославија ја претставувале земјата на најремномираниот избор за Мис на севтот. Еднатa е Лидија Велковска, која заврши на четвртото место, а другата е Матилда Саздова.

Поврзани вести

Ана Станојевиќ ја доби наградата „Најдобра поп композиција во Балканскиот Манир“ на „Охрид фест“

Urednik

Рецензија на „Холивуд Репортер“ за „Патување пеш“: Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност

Urednik

Бизнисот на задоволството оди на Бахамите

Urednik