СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

(Фото) Се појави фотографија од свадбата на легендарната Сашка Петковска, а Маја Вукичевиќ раскажа емотивна приказна за неа

Нејзините евергрини „Бакни ме”, „Чао, адио”, „Пушти ме како птица”, „Запри срце”, „Никогаш никогаш”, „Гриша”, „Сеќавања”, се лектири на македонската и југословенската поп сцена. Во 70-тите години на минатиот век Сашка Петковска беше голема музичка ѕвезда, но и модна икона која остави богато музичко наследство зад себе.

Пред неколку дена на Фејсбук се појави фотографија од приватниот живот на легендарната пејачка Сашка Петковска која ја разбуди носталгијата кај Македонците. На социјалните мрежи се појави фотографија од нејзината венчавка со модниот и музички менаџер Марио Липша.

Фотографијата беше споделена на Фејсбук-страницата „ВБУ Воскресение 2025“.

Под фотографијата, коментар остави пејачката Маја Вукичевиќ, која детално го објасни контекстот.

„Од десната страна, возрасниот господин е Станко Липша — свекорот на Сашка и татко на Марио. Врвен музички/оперски педагог, соработуваше со мајка ми и практично целото мое детство беше обележано со неговото присуство, заедно со неговата сопруга Гина. Како вчера да беше — се сеќавам кога загина Сашка, па семејно отидовме во нивниот дом во Дебар Маало да изразиме сочувство“, сподели Маја Вукичевиќ, која денес живее во Австралија.

На објавата се надоврза и Росана Сариќ-Тодоровска.

„Сашка беше невидено скромна жена, трудољубива, одличен вокал… Марио Липша беше вреден, брз и за него секогаш имаше решение за сè што се однесува на естрадата. Чест ми е што соработувавме со нив. Нека почиваат во мир“, искоментира Росана Сариќ – Тодоровска.

Сашка Петковска-Липша е родена 1951 година во Битола, а трагично загина на 31 август 1983 година во сообраќајна несреќа заедно со уште тројца членови на нејзината балетска група „Авона”, патувајќи на концерт во Свети Николе. Тогаш имаше само 32 години.

Нејзиниот сопруг Марио Липша, пионер во организацијата на изборот „Мис на Македонија“, почина на 25 мај 2022 година во Скопје, на 78-годишна возраст.

Поврзани вести

Номинација за Европската универзитетска филмска награда за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски

Radmila Tasevska

📸Се ожени Стефан од Некст Тајм: „Македонски комита улете у тавче“

Urednik

(Фото) Дани Димитровска на гости кај синот во Холандија, насекаде се чувствува празничната магија

Urednik