СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Фото) „Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна порака на четиригодишнината од смртта на татко му Александар

Денеска се навршуваат четири години од смртта на маестро Александар Џамбазов, а по тој повод неговиот син, актерот и музичар Игор Џамбазов, сподели длабоко лична и трогателна објава на социјалните мрежи, посветена на својот татко.

Во објавата, Џамбазов открива дел од интимната приказна за човекот кој, како што вели, бил „единствен примерок“, а чие присуство и денес го препознава во сопствениот одраз во огледалото. Текстот е извадок од неговата книга „Облечен човек“ и претставува искрено сведоштво за идентитетот, сенките и величината на еден маестро.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)


„Денес се навршуваат четири години од заминувањето на мојот татко Александар.
Ова е дел од приказната за него во мојата книга ‘Облечен човек’.

Од пред некое време, наутро, кога ќе застанам пред огледалото, како да го гледам него. Особено кога имам на себе неколкудневна брада, јас и изгледам исто како него. И тоа е можно.

До својата 50-та година личев на примероците од ‘велешката сорта’, а оттогаш па наваму, со невидена брзина станувам примерок на ‘штипската крв’.

Татко ми Џамбаз е човек што вреди да го имаш за татко. Единствен примерок.

Татко ми Џамбаз целиот свој живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така.

‘Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?’

Ти си маестро, маестро мој.“

Поврзани вести

🎬Yon Idy ја претставува „That Much Is True“ – нежно, искрено продолжение на неговиот нов музички правец

Urednik

Сале Певац одбележува јубилеј: 25 години богата музичка кариера

Urednik

Манчевски: Со „Кајмак“ го омрсивме Сараево

Urednik