СТАНДАРД life
МК Сцена

Кајмаковски гостин на концертот на Лепа Брена во Охрид

Македонскиот пејач Даниел Кајмаковски, на социјалните мрежи сподели дека ќе биде гостин на концертот на балканската ѕвезда Лепа Брена, кој ќе се одржи вечерва во Охрид.

„Толку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации се’ уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена.
Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!

Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми. Посебен е овој момент, повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината.

Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш, Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш“, соопшти Кајмаковски.

Поврзани вести

Тоше Проески денеска ќе го прославеше својот 43 роденден

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Лила се „разигра“ на јахта во Дубаи, друштво и права Биг Мама

Urednik

Уметност без граници: Skopje Tattoo Show ќе ја слави индивидуалноста и креативноста

Urednik