СТАНДАРД life
МК Сцена

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници“

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од  улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска. Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку  Партизанс.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Јон Вардар против Галаксијата награден за најдобар анимиран филм во Романија

Urednik

„МАЈКА” на Теона Стругар Митевска ја отвора програмата „Хоризонти“ во Венеција

Urednik

(Фото) Прво појавување на Кајмакоски по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Urednik