СТАНДАРД life
МК Сцена

Тату мајсторот Ангелов: „Black and grey“ и „Color“ тетоважите се најбарани, но сепак секоја мода се враќа

Пред да се тетовираат луѓето би посочил дека треба да знаат дека тетоважата е засекогаш. Најправин треба да знаат што сакаат и кај кого ке ја направат тетоважата, исто така да не боледуваат од некои болести да не се алергични, 24 часа пред тетовирање да не се конзумира алкохол и наркотични супстанци да бидат одморени најадени и да конзумират течности (вода), вели тату мајсторот Дарко Ангелов во разговор за „Стандард лајф“.

Според него, „Black and grey“ и „Color“ тетоважите се во мода мислам, според тоа што се бара кај него во студио.

– Би ги издвоил овие тетоважи, но сепак секоја мода се враќа, истакна Дарко.

Вели дека како мал имал желба да црта, цртал по корици од тетратки по книги, но никогаш не мислел дека еден ден ќе се занимава со тетовирање.

-Пред три ипол години, односно во јануари 2020 година ја нарачав првата моја машинка, бидејќи сакав да се тетовирам а цената за тетоважата беше висока па реков сам ќе се тетовирам. Месец ипол ја чекав машинката да стигне бидејќи ја нарачав преку интернет. Кога стигна машинката која што ја нарачав ја нацртав на себе првата тетоважа која до неодамна ја носев, раскажува тату мајсторот за своите почетоци.

Како и кога сфати дека оваа професија е правиот избор за тебе?

-Како мал имав желба да цртам, ликовно ми беше омилен предмет, цртав по корици од тетратки по книги но никогаш не мислев дека еден ден ќе се занимавам со тетовирање. Пред три ипол години, односно во јануари 2020 година ја нарачав првата моја машинка, бидејќи сакав да се тетовирам а цената за тетоважата беше висока па реков сам ќе се тетовирам. Месец ипол ја чекав машинката да стигне бидејќи ја нарачав преку интернет.

Кога стигна машинката која што ја нарачав ја нацртав на себе првата тетоважа која до неодамна ја носев и пред неколку месеци ја покрив со поголема тетоважа. После некој период направив уште една на себе па почнав да ги тетовирам мојте пријатели, направив десетина тетоважи и тогаш ми дојде желбата да се занимавам со тетовирање.

Се усовршив, собирав средства да отворам студио, купив квалитетна машинка, бои и игли и со тек на време се останато што е потребно за едно студио. И еве денес ја работам работата професионално.

Дарко Ангелов, тату мајстор
Дарко Ангелов, тату мајстор

На која возраст ја направи првата тетоважа?

-Првата тетоважа ја направив на 26 години.

Дали имаш тетоважи и колку?

-На себе имам 10 тетоважи од кои 7 сам си ги имам изработено, останатите 3 ми ги правеше мојот другар.

Дали би дозволил некој друг да те тетовира и ако да кој би бил тој?

-Дали би дозволил да ме тетовира некој да би дозволил доколку дизајнот се сопфаѓа со неговиот стил на тетовирање така да не на секого.

Какви тетоважи се во мода денес?

-Според мене Black and grey и Color тетоважи се во мода мислам според тоа што се бара кај мене би ги издвоил овие тетоважи но сепак секоја мода се враќа.

Што треба да знаат луѓето пред да се тетовираат?

-Пред да се тетовираат луѓето би посочил дека треба да знаат дека тетоважата е засекогаш. Најправин треба да знаат што сакаат и кај кого ке ја направат тетоважата, исто така да не боледуваат од некои болести да не се алергични, 24 часа пред тетовирање да не се конзумира алкохол и наркотични супстанци да бидат одморени најадени и да конзумират течности (вода).

Како знаеш кога тетоважата или делото е готово и е добро изработено?

-Како знам кога е готова тетоважата тоа е процес зависи на стилот на тетовирање зависи и на колку сесии се изработува тетоважата.

Опиши ја тетоважата што ти била највозбудлива што ја имаш направено…

-Како највозбудлива тетоважа можам да издвојам една тоа беше „Cover up“ на една стара тетоважа средна големина ја покривав со малце поголема тетоважа од претходната и мораше да испадне потемна, но успеав во тоа.

Како да се одржува тетоважа после тетовирање?

-После тетовирање се мачка со крема за после тетовирање пред секое мачкање миење со антибактериски сапун или шампон и така се повторува процедурата две недели.

Р.Т.

Skopje Tattoo Show 2023: Македонците покажаа колку ја сакаат тату уметноста

Поврзани вести

Коцевска, Travel инфлуенсер: Сум посетила над 30 земји, но најголем интерес и најмногу споделувања добиваат содржините од Македонија

Urednik

По светската премиера, „Патување пеш“ доаѓа дома

Urednik

📽ТУРБО-НЕТ на Панова утре на фестивалот за краток филм во Галичник

Urednik