СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Видео) Аца Лукас по апсењето се враќа во Македонија: „Приходот од концертот во Скопје ќе го донираме на семејствата на настраданите во Кочани“

Српскиот фолк пејач Аца Лукас продолжува да работи по инцидентот во Македонија кога неговиот настап беше прекинат, а тој беше приведен.

Лукас преку Тикток најави дека ќе се врати во Македонија на 20 декември, бидејќи тој ден ќе одржи концерт во Скопје, во арената „Јана Сандански“. Пејачот ја донел таа одлука заедно со продуцентот и сопственик на „Хајп продукција и телевизија“, Саша Мирковиќ. Тие ќе го донираат целиот приход од тој спектакл на семејствата на жртвите од дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лукас и Саша Мирковиќ велат дека лично ќе ги посетат семејствата на жртвите и ќе ги предадат средствата.

Двајцата најавија дека комплетниот приход од концертот ќе го однесат лично на семејствата на настраданите во Кочани, а ќе ги плателе и плус трошоците кон државата. Најавија дека ова ќе биде само една од донациите кои ќе продолжат да ги даваат во Кочани.

 

@sasamirkovicofficial Severna Makedonija nije Severna Koreja da vlast maltretira građane drugih država zbog privatnih iskušenja na kojima se nalaze čelnici! #sasamirkovic #acalukas #ceca #hristijanmickoski #makedonija ♬ original sound – Saša Mirković

Фолкерот вели дека сè уште не знае зошто бил приведен во полиција:

– Сè уште не знам зошто всушност бев приведен. Бидејќи сите документи беа регуларни. Тоа не е постапка различна од оние што ги имавме досега со сите други настапи – објаснува Аца.

– Да го затворате, притворате, да му ја ограничувате слободата без причина, а пуштавте дискотеки да работат без дозволи, дискотеки направени од картони, брука и срамота – вели Митровиќ, кој е убеден дека Лукас бил притворен само од приватни причини.

– Ако имало повеќе луѓе во клубот како што рекоа, зошто истиот клуб продолжи да работи со исто толку луѓе внатре откако заминав во полиција и диџеј пушташе музика уште два и пол часа до три – прашува Лукас.

Поврзани вести

Дина Јашари продолжува со освојување на европските музички сцени

Urednik

„Црвена во лицето и отечена“: Тијана Дапчевиќ им се обрати на фановите од ординација (ФОТО)

Radmila Tasevska

Хотел 88 премиерно во Македонија

Urednik