СТАНДАРД life
МК Сцена

📽„Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов и Sarah Mace & The Girlzz

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна” во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.

Со „Ептен Љубовна,” Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.

„Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна… многу љубов има вложено во неа. Уживајте!”, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција.

„Ептен Љубовна” е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација.

Поврзани вести

Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција

Urednik

„Досие иднина“ на фестивал во Нанси   

Urednik

Во сабота, јубилејна 20-та „Бела ноќ“ во Скопје

Urednik