СТАНДАРД life
Секс и врски

„Љубовта е во воздухот“: Топ листа на земји со најдобар интимен живот

На Твитер профилот „World of Statistics“ неодамна беше објавена интересна листа поврзана со задоволството од интимниот живот ширум светот.

Иако многумина очекуваа Франција да заземе високо место, факт е дека тие не се најдоа на оваа листа.

Ова се земјите на листата со најзадоволни луѓе во интимните односи:

– Швајцарија
– Шпанија
– Италија
– Бразил
– Грција
– Холандија
– Мексико
– Индија
– Австралија
– Нигерија

Според податоците од истражувањето спроведено од компанијата „Дурекс“ пред две години, Грците биле најсреќни кога станува збор за интимните врски, па дури 87 отсто од возрасните во Грција изјавиле дека имаат интимни односи барем еднаш неделно. Сепак, сега Грците „паднаа“ на петтото место на оваа листа.

Од друга страна, најмало задоволство од интимниот живот имало во Јапонија, каде само 34 отсто од возрасните имаат интимна врска барем еднаш неделно, што ги прави најнезадоволната нација во светот во овој поглед. Се чини дека ситуацијата во Јапонија не е променета и по две години, со оглед на тоа што тие не се појавија на оваа најнова листа.

Поврзани вести

Кој повеќе ги изневерува своите партнери – МАЖИТЕ ИЛИ ЖЕНИТЕ?

Urednik

Што се случува во телото ако немате секс барем еднаш неделно?

Urednik

Сексот никогаш не смее да биде тивок: За поголемо задоволство и подобра акција, треба да ги испуштате овие звуци

Radmila Tasevska