СТАНДАРД life
Секс и врски

Најлошите работи што можете да ги кажете некому за време на сексот

Сексот е интимен дел од врската и многу луѓе се чувствуваат непријатно да започнат разговор на таа тема, особено ако сакаат некого да критикуваат.

Без разлика дали сте во долготрајна врска со партнерот, само што се запознавате или веднаш знаете дека тоа ќе биде само за една ноќ, треба внимателно да комуницирате и да ги бирате зборовите бидејќи лесно можете да ја повредите другата страна.

Секако, експертите велат дека не треба да прифаќате работи кои не ги сакате, но сепак постои граница и некои работи кои не треба да ги кажувате за време на сексот, пренесува Yahoo.

Критикување на техника

Ако кажете некому дека прави нешто погрешно, ќе ја уништите неговата самодоверба, се согласуваат експертите. Заслужувате задоволство, но оставете го тој разговор за после секс и не почнувајте со критики – кажете што би сакале да пробате, како нешто ви одговара.

Погрешно име

Речиси секогаш тоа е името на поранешен партнер, а не на член на семејството или пријател. Најчесто луѓето изговараат туѓо име во моментот на оргазам, кога за момент ќе го изгубат разумот, на врвот на интимноста, па лесно е да се разбере дека оваа грешка е ненамерна, но секако е огромна за партнерот. Покрај тоа, избегнувајте секакви споредби со поранешните партнери.

Прашање за сексуално преносливи болести

Ова прашање е здраворазумно, особено ако зборуваме за краткорочни афери, но креветот дефинитивно не е местото каде што треба да се постави. Со други зборови, ако тоа ве загрижува, дознајте го одговорот пред да легнете, во спротивно ќе му кажете на партнерот дека го доживувате како промискуитетен поради нешто што го направил.

Поврзани вести

Дали ги правите овие грешки за време на бакнувањето?

Radmila Tasevska

Овие секс пози не им се допаѓаат на мажите, а некои дури и се плашат од нив!

Urednik

Зрела љубов: Пет работи кои се менуваат во бракот по 40-тите

Urednik