СТАНДАРД life
Секс и врски

Наутро, попладне или навечер, кој период од денот е најдобар за секс?

Иако е тешко да се каже кога е најдобро време од денот за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа, постојат одредени предности на уживање во страстите наутро, попладне и навечер.

По утрото денот се познава, па да почнеме со многу придобивки од утринскиот секс. Придобивките се многу, од лесни утрински вежби до започнување на денот со хормони на среќа и добро расположение, пишува Mind Body Green.

„Нивото на тестостерон е природно највисоко во телото на мажот наутро, и токму затоа мажите имаат утринска ерекција. За оние кои рано се будат, сексот е одличен начин да се започне денот“, вели сексуалниот терапевт Тами Нелсон.

Утринскиот секс може да биде уште попријатен затоа што телото е опуштено по непроспиена ноќ, смета сексуалната тренерка Џиџи Енгл.

„Долниот дел од карлицата не е стеснет од стрес, а пулсот е помал, што може да помогне да се опуштите и да се чувствувате позадоволни. Иако, ова не е случај со сите луѓе, но вреди да се проба“, вели таа.

Таа истакна дека утринското уживање во страстите има и негативни страни.

„Веднаш по будењето, вашите синапси сè уште не работат со полна пареа и телото е сè уште во мирување, па чувството на задоволство не е како кога сте целосно будни. Вашите нервни завршетоци сè уште спијат“, објасни таа.

И попладневниот секс има свои предности. За луѓето кои не се утрински птици, самата помисла за утрински секс може да биде одбивна.

„Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги мијат забите пред секс. За други, утринскиот секс би предизвикал уште поголем замор и помалку чувство на живост“, вели терапевтот Нелсон.

Од друга страна, уживањето во страствени прегратки навечер е убава мисла за многумина, но тие немаат доволно енергија за тоа после напорниот ден. И тука доаѓаме до попладневниот секс, што е точно на средина. Човекот успева да се разбуди доволно за да ужива, а од друга страна сè уште не успеал да се измори од бројните обврски.

Вечерниот секс е омилен кај многумина затоа што заспиваат фино презаситени од хормоните на среќата.

„Оргазмите се билет во еден правец за спиење. После неверојатен секс и оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од хормони кои прават да се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин“, вели сексуалниот тренер Енгл.

Окситоцинот ја зајакнува љубовта и врската помеѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот.

Поврзани вести

Како изгледа идеалната жена во очите на мажите?

Urednik

Може ли самозадоволувањето да го замени сексот?

Radmila Tasevska

Три тајни: Вака ќе станете ненадминливи во сексот

Urednik