СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Како изгледа внатрешноста на продавница со потпис на Анџелина Џоли

Иако претходно откри дека баш и не ја интересира модата, Анџелина Џоли отсекогаш била позната како актерка со добар стил.

Нејзините комбинации ретко беа екстравагантни, туку би можеле да ги опишеме како олицетворение на естетиката на тивкиот луксуз.

Покрај споменатиот добар вкус, актерката отсекогаш била заинтересирана за хуманитарна работа и грижа за околината, па минатата година најде начин сето тоа да го спои.

Во местото каде што уметникот Жан-Мишел Баскија живеел и работел на почетокот на 80-тите, Џоли отворила своја продавница, што е многу повеќе од тоа!

За време на реновирањето, тимот на „Atelier Jolie“ се погрижи многу да го зачува интегритетот на архитектурата, која има вековна историја која го вклучува и Енди Ворхол.

Мебелот и опремата низ зградата се преработени или винтиџ, а мебелот на кафулето, кој исто така се наоѓа во истиот простор, доби нов живот со реставрација. Целиот ентериер има ретро вибрација, така што стариот мебел сместен во осветлен простор изгледа многу модерно.

Првото нешто што паѓа во очи е античкиот дрвен комплет со соодветните фотелји, а реставрираното пијано обоено во бела боја и дава романтична нота на собата.

Во просторот доминира дрвото, но и металите како релјефно огледало составено од неколку кубни делови и златни светлосни тела кои создаваат енергија во просторот.

Просторот беше замислен како место кое ќе ги демонстрира придобивките од етичкиот и одржлив начин на живот, а во проектот се вклучени студенти и алумни на Факултетот за дизајн Парсонс. Младите уметници во овој простор ќе ги изложат своите дела, но и ќе преработат некои оштетени парчиња.

„Atelier Jolie“ има и свое кафуле, а го води „Eat Offbeat“, ресторан и угостителски колектив кој ги прикажува кулинарските таленти на бегалските заедници во Њујорк.

Внатре во кафулето, посетителите можат да седнат на старинска маса и да цртаат.

Поврзани вести

Се бори со алопеција, но не се срами од ќелавоста: Џејда сега откри дека косата и пораснала

Urednik

📸 Џо Манганиело објави слика со својата нова девојка по разводот со Софија Вергара

Radmila Tasevska

Еди Марфи по 30 години повторно ќе глуми во „Полицаец од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska