СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Џеј Ло го воодушеви интернетот со фотографија во долна облека: „Бен е навистина среќен“

Џенифер Лопез објави фотографија на Инстаграм на која позира во црвена чипкана долна облека и остави без здив милиони нејзини фанови. 54-годишната актерка го покажа своето затегнато тело и доби тони комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Убавина“, „Засекогаш ќе бидам заљубен во тебе“, „Ти ги заслужуваш сите црвени рози на овој свет“, „Божица на универзумот“, „Ти си во пламен“, „Никогаш нема да остариш“, „Бен Афлек е навистина среќен“, се само дел од комплиментите кои таа ги доби.

„Колку стареам, толку се чувствувам посекси“

Инаку, таа неодамна одговори на прашањето како се справува со годините и стареењето во интервју за специјалното издание на американскиот магазин Elle наречено Жени во Холивуд. Таа рече дека одличната вест е што има се повеќе улоги за постарите жени во Холивуд.

„Има се повеќе улоги за жени на моја возраст, што не беше случај до неодамна. Многу работи се сменија и повеќе не мора да се чувствуваме депресивни и срамени што природата го прави своето. Всушност, колку стареам, толку посекси се чувствувам, затоа што можам да им понудам повеќе на другите и на самата себе“, опиша таа.

Поврзани вести

Ешли Олсен тајно го родила своето прво дете

Urednik

Шенон Доерти направила план за својот погреб – Ги откри деталите!

Radmila Tasevska

Бритни Спирс: Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија

Radmila Tasevska