Канје Вест речиси секој ден објавува фотографии од неговата сопруга Бјанка Ценсори, најчесто во разголени и бизарни изданија. Сега ги изненади сите – објави фотографија од сопругата во долг капут со животински принт кој и го покрива целото тело и лице.
Бјанка во облечено издание
По серијата разголени фотографии, следбениците се изненадени што Бјанка конечно се облече на Инстаграм на Канје.
„Одлична работа, таа сега е облечена“, „Таа се облече, некој да го провери Канје“, „Да беше Канје жена, до сега ќе беше под конзерваторство“, „О, види, таа е облечена“, „Ќе ја избрише фотографијата откако ќе сфати дека е облечена“, „Ова стана фан страница на Бјанка Цензори“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
Канје неодамна ги шокираше следбениците откако објави видео на кое Бјанка носи црн костим од латекс и маска на главата додека вози автомобил. Пред тоа, тој објави фотографија од неговата сопруга како готви во оскудно бикини, а на главата носи маска од латекс.
View this post on Instagram