СТАНДАРД life
Шоубиз

📽️📷Ченинг Тејтум за прв пат со својата ќерка на црвениот тепих, во придружба на неговата 19-години помлада партнерка

Актерот Ченинг Тејтум се појави на премиерата на филмот „Demon Slayer: Infinity Castle“ во Лос Анџелес, каде што за прв пат позираше јавно со својата 12-годишна ќерка Еверли.

Актерот беше на премиерата за да ја промовира својата улога во англиската верзија на овој популарен јапонски анимиран филм, а беше во придружба на неговата девојка Инка Вилијамс, која позираше со 12-годишната ќерка на Тејтум, Еверли.

Тејтум изјави за списанието „Пипл“ на премиерата дека франшизата „„Demon Slayer“ е исклучително важна за него и за неговата ќерка Еверли, која ја има со поранешната сопруга Џена Дјуан.

Актерот додаде дека неговата улога во филмот, во кој го позајмува гласот на ликот Кеиза, му донела неколку „поени на кул татко“ со својата ќерка. Филмот е базиран на популарната јапонска манга серија со исто име.

Патем, Тејтум претходно ја „откри љубовта“ кон анимираната франшиза додека ја гледал серијата со својата ќерка.

Тејтум и Вилијамс првпат се поврзаа романтично во февруари, кога се појавија заедно на забава пред Оскарите во Лос Анџелес. Извор за „Пипл“ во март изјави: „Се запознале преку пријатели. Таа е одлична. Има свој живот. Млада е, но изгледа позрела.“

Нивната романса започнала неколку месеци по разделбата на Тејтум од поранешната свршеница Зои Кравиц во октомври 2024 година. Тејтум и неговата поранешна сопруга Џена Дуан се разделија во 2018 година, а нивниот развод е финализиран во септември 2024 година.

Двојката официјално ја потврдила својата врска на Инстаграм во април, кога Вилијамс сподели серија фотографии во нејзино „стори“ на Инстаграм, по повод 45-тиот роденден на Тејтум.

Поврзани вести

Лизо откажа претстојниот концерт по обвинувањата за малтретирање и сексуално вознемирување

Urednik

Брус Вилис целосно уништен од болестa! Не може повеќе да зборува!

Urednik

Џеј Ло: „Разводот? Најдоброто нешто што ми се случило!“

Urednik