СТАНДАРД life
Шоубиз

Бредли Купер и Џиџи Хадид на таен романтичен состанок

Иако Бредли Купер и Џиџи Хадид се обидуваат да се сокријат од љубопитните погледи на јавноста, не им помага фактот дека станува збор за „свежа врска“ меѓу еден од најатрактивните актери и една од најуспешните манекенки. Според Page Six, парот бил забележан на шоу надвор од Бродвеј.

Веќе е познато дека Џиџи е маѓепсана од Купер и дека сака да се проба во актерството, а овој состанок ја донесе нивната страст за глума заедно. Тие уживаа во гледањето на „Danny and the Deep Blue Sea“, нова претстава во која глумат Обри Плаза и Крис Абот.

Иако се уште не сме ја запознале Џиџи како љубител на театарската сцена, се чини дека Купер полека ја воведува во својот свет. Имено, тој е голем љубител на театарот и често слободното време го поминува гледајќи претстави.

„Бредли секогаш оди во театар. Како што знаете од неговиот филм за Леонард Бернштајн, тој е голем обожавател“, открил изворот.

„Бредли е возбуден што ќе ја запознае Џиџи. Одамна ја немаше почувствувано оваа возбуда за жена. Тие одат бавно, но тој е многу заљубен во неа. Таа е токму негов тип“, коментираше претходно извор близок до познатиот актер, потврдувајќи дека Купер е подготвен за сериозна љубовна врска.

Актерот и манекенката се познаваат долго време, но дури на почетокот на есента меѓу нив се роди симпатија.

Поврзани вести

Легендарниот режисер откри зошто никогаш не ги гледа своите филмови во јавност

Radmila Tasevska

Метју Пери повторно ги шокираше фановите со својот изглед

Urednik

Еди Марфи по 30 години повторно ќе глуми во „Полицаец од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska