Престојот во болницата на кралот Чарлс е продолжен, а тој сè уште заздравува од операцијата за зголемена простата во приватна клиника во Лондон, каде што на само неколку соби се наоѓа и неговата снаа Кејт Мидлтон. Поради тоа што не излезе, како што беше планирано, по двете ноќи кои требаше да ги помине под лекарски надзор, јавноста е загрижена за здравствената состојба на 75-годишниот британски крал Чарлс Трети.
„Се разбира дека Чарлс ќе остане во болница повеќе од две ноќи само ако има неочекуван проблем“, открил добро информиран извор за британски „Сан“, додавајќи дека дополнителната ноќ во клиниката е всушност едноставна мерка на претпазливост но може да предизвика непријатност и нервоза кај обожавателите на кралското семејство.
Веста дојде откако палатата потврди дека кралот би можел да отсуствува од јавни настапи и однапред закажани настани и до еден месец. Наместо тоа, целата работа ќе ја вршат неговите најдоверливи лица – неговата сопруга, кралицата Камила, сестрата, принцезата Ана и братот и снаата, принцот Едвард и војвотката Софи.
Кралицата Камила го посетила својот сопруг три пати за 24 часа во болница, останувајќи подолго од очекуваното, а последен пат била видена во неделата вечерта како насмеана седи во задниот дел на официјално црно Ауди.