По период на превирања, актерот Џони Деп конечно пронајде мир и тишина, размислувајќи за своето минато и искуства од детството.
Откако успешно го врати својот имиџ на „добар човек“ што го негуваше со децении и кој беше загрозен од долготрајната правна битка со поранешната сопруга Амбер Херд поради обвинувања за семејно насилство, актерот отворено проговори за своето насилно и емоционално трауматично детство и „предавството“ што го претрпе кога неговите поранешни соработници му го свртеа грбот.
Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“, сега 62-годишeн, опиша како неговата мајка, Бети Сју Палмер, која почина во 2016 година, физички го малтретирала.
„Ме тепаше со стап, чевла, пепелник, телефон – не беше важно што, но ѝ благодарам за тоа“, изјави тој за „Телеграф“.
Деп, татко на 26-годишната Лили-Роуз и 23-годишниот Џек со поранешната партнерка Ванеса Паради, рече дека однесувањето на неговата мајка му покажало како да не одгледува деца.
„Таа ме научи како да не одгледувам деца. Едноставно правиш спротивно од она што го правеше таа“, рече актерот.
„Не знаевме за безбедност во куќата“
За време на судењето против Амбер Херд во 2022 година, Деп за прв пат јавно проговори за својата траума од детството. На суд, тој ги негираше сите обвинувања за злоупотреба, додека двајцата останаа без поддршка од големите студија.
„Немаше безбедност во нашата куќа. Едноставно знаеше дека мора да се тргнеш од патот за да не бидеш цел. Мајка ми беше непредвидлива, можеше да биде сурова како и секој друг“, се присети тој.
Според него, физичкото насилство било постојана појава: „Сите одевме по лушпи од јајца. Ако таа поминеше покрај мене, јас ќе се тргнев од патот, бидејќи никогаш не знаеше што ќе се случи“.
Сепак, емоционалните рани биле подлабоки од физичките. „Психолошкото злоставување беше полошо од тепањата. Тепањата се само физичка болка. Учиш да живееш со тоа“, вели актерот.
Пресвртна точка
Деп се осврна и на неговата последна улога во Дизни, во филмот „Фантастични ѕверови“, од која беше отпуштен „брзо и шокантно“ откако неговата поранешна сопруга индиректно го обвини за семејно насилство.
„Сè запре во милисекунда. Ми рекоа дека сакаат да дадам отказ. Но, она што навистина го сакаа беше – да се повлечам“, вели тој.
Неговиот одговор? „Еб*те се. Има премногу од мене за да ме убиете. Ако мислите дека можете да ме повредите повеќе отколку што веќе сум повреден – сериозно се лажете“, вели актерот.
Деп откри дека тројца блиски пријатели го напуштиле во исто време.
„Точно знам кои се тие и колку многу ме повредија. Беа на родендените на моите деца, ги фрлаа во воздух од радост. А потоа ме разочараа“, вели тој.
Сепак, тој додава дека ги разбира луѓето кои немале храброст да застанат покрај него: „За некои, најстрашното нешто беше да се направи вистинскиот избор“.
Еден од најтешките удари беше сведочењето на Трејси Џејкобс, неговиот агент, кого го отпушти во 2016 година. На судењето, таа тврдеше дека студијата го отфрлиле затоа што често доцнел.
„Никој не може да ја процени мојата лојалност. Бев со една личност триесет години, а таа во судницата рече дека ми е тешко да соработувам“, вели Деп.
За потсетување, откако изгуби тужба за клевета во Велика Британија, Деп ја тужеше Амбер Херд во САД и победи. Судењето, кое го следеше целата планета, заврши во јуни 2022 година со пресуда во негова корист.
„Поротата ми го врати животот. Навистина сум благодарен“, рече тој во тоа време. „Им го должев тоа на моите деца и на сите што останаа покрај мене за да ја кажат вистината. Сега сум во мир затоа што јас го направив тоа да се случи“.