Партнерката на Роналдо, Џорџина Родригез (29) полека но сигурно гради сопствена империја. По излегувањето на реалното шоу „Soy Georgina“, сите очи се вперени во атрактивната Шпанја, која стана заштитно лице на многу светски брендови.
Така Џорџина се најде на големата реклама за модниот бренд Guess, која во трговскиот центар ја забележала познатата актерка Ева Лонгорија.
– Убава! – напиша Ева на својата инстаграм приказна покрај постерот на Џорџина.

Ева и Џорџина се добри пријателки, откако се дружеа на Канскиот филмски фестивал.
Познатите дами се фотографираа заедно, а Џорџина покрај фотографијата со поранешната „Домаќинка“ напиша: „Инспирација. Нема поубав од неа“.
Да потсетиме, Џорџина неодамна се појави на постер за саудиска линија парфеми, што го налути локалното население.
– Оваа голотија треба да се отстрани – можеа да се прочитаат доста коментари на социјалните мрежи, иако Шпанката не покажа ни приближно толку колку што покажува на своите социјални мрежи.