СТАНДАРД life
Шоубиз

Дуа Липа се соочува со трета тужба за истата песна, може да изгуби 20 милиони долари

Поп-ѕвездата Дуа Липа е тужена поради тврдењата дека никогаш не добила дозвола да вклучи снимка од музичар во ремикс на нејзиниот мега-хит Levitating, пишува SkyNews.

Музичкиот продуцент Боско Канте тврди дека три ремикси на песната на британската пејачка вклучиле негова снимка, со што ги прекршиле неговите авторски права и практично му го „украле“ делот за нејзината песна. Понатаму, тој смета дека врз основа на неговите снимки има право на повеќе од 20 милиони долари и поднел тужба во Лос Анџелес.

Канте наведува „вербален договор“ како доказ дека само дел од снимката што ја снимал со својот паметен часовник може да се користи во оригиналната снимка на песната. Понатаму, Канте вели дека го создал ElectroSpit Talk Box, уред кој се носи околу вратот и е поврзан со телефон или синтисајзер што може да ги претвори гласовните вибрации во звуци слични на инструменти. На својата веб-страница, Канте наведува дека го употребил Talk Box на песни на Канје Вест и раперот Џеј Кол.

Имено, музичкиот продуцент Стивен Козмениук, одговорниот за продукцијата на некои од најголемите хитови на Дуа Липа, му пристапил на Канте во 2019 година за создавање на песната „Levitating“, се наведува во тужбата.

Се додава дека усно се согласиле на лиценца која предвидува снимката да може да се користи само на оригиналната песна, а не и на ремикси.

Трето обвинување

Канте тврди дека Липа повторно ја користела неговата работа без дозвола на ремикси од диџејот The Blessed Madonna, една со раперот Дабејби и друга изведена во живо од Липа. Инаку, овој случај е трета ваква тужба против Липа и нејзината песна „Levitating“.

„Artikal Sound System“, реге бенд од Флорида, поднесе тужба против пејачката во март 2022 година, тврдејќи дека песната копирала дел од нивната песна од 2017 година „Live Your Life“. Случајот беше отфрлен во јуни оваа година. Вториот случај е моментално активен, а се работи за текстописците Л Расел Браун и Сенди Линзер кои тврдат дека Липа ја користела нивната мелодија од песната „Wiggle And Giggle All Night“ од 1979 година.

Инаку, „Levitating“ минатата година беше меѓу петте најпуштани песни во Обединетото Кралство и помина дури 77 недели на топ-листата Billboard Hot 100 во САД. Липа во моментов повторно се искачува на топ листите со нејзината песна од филмот Барби, „Dance The Night“.

Поврзани вести

Американска актерка задоволна од сексот со 72-годишен маж: „Одлично е, но не се случува често“

Radmila Tasevska

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska

„ТРАЧАЊЕ“ НА ЗЛАТНИОТ ГЛОБУС: Видеото стана вирално – го озборуваа актерот кој донесе СТАРЛЕТА на доделувањето!

Urednik