СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Хајди Клум пак ги покажа голите гради и интимните делови, но овој пат со еден трик!

Супермоделот и претприемачка Хајди Клум е горда на своето извајано тело и сака да го покажува во смели модни комбинации кои не се за секого.

Иако честопати била мета на модните критичари, згодната русокоса не обрнува внимание на тоа.

Неодамнешниот стајлинг во Лос Анџелес повторно ја докажува нејзината склоност кон смели и впечатливи модни избори кои ја откриваат кожата и привлекуваат внимание.

Познатата манекенка Хајди Клум (52) се појавила на премиерата на документарецот „Бесконечна икона: Визуелни мемоари“ (Infinite Icon: A Visual Memoir), која се одржала во Лос Анџелес. И како и обично, нејзините гради повторно биле главна тема.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Хајди обожава да шета топлес, најчесто на плажа, па затоа сега избрала „повоздржана“ верзија за црвениот тепих.

Овој пат, сексапилната манекенка позирала во црн комплет составен од здолниште и целосно проѕирна кошула. Само темните џебови ги покривале градите на Хајди, додека здолништето имало постава на интимните делови.

Модното издание го комплетирала со црни чевли и црна чанта, додека косата ја оставила во препознатливи бранови и позирала со насмевка пред собраните фотографи.

Хајди и на 52 години покажа дека сè уште плени со самодоверба, но не сакала да оди до крај, како што обично прави.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Поврзани вести

Сите зборуваат за тајната венчавка на Кијану Ривс: Церемонијата се одржа во Европа

Urednik

(ВИДЕО) Џенифер Лопез покажа како изгледа без шминка: „Ова сум јас на 54, блескава и среќна“

Urednik

(Фото) Уште една трагедија во семејството Кенеди: Внуката откри дека има леукемија, лекарите ѝ даваат една година живот

Urednik