СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Шер на 80 години ќе се мажи за партнер 40 години помлад од неа: „Не ми е гајле за годините!“

Американската музичка ѕвезда Шер (79) планира да се омажи за својот 40-годишен партнер Александар А.Е. Едвардс, велат извори. Тие се во врска три години, пренесува „Дејли мејл“.

„Шер апсолутно не се грижи за разликата во годините и двајцата се подготвени да се посветат еден на друг. Таа смета дека нејзината претстојна забава за 80-ти роденден е совршена можност таа и Александар да се венчаат“, изјавил извор за „Мирор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Новинарите контактирале со двојката за веста, но не добиле одговор. Пејачката неодамна им одговорила на оние кои ја критикуваат дека излегува со многу помлад партнер за време на гостувањето во „Си-би-ес морнингс“.

„Како и да е. Тие не го живеат мојот живот. Никој не знае што се случува меѓу нас, но едноставно се забавуваме одлично“, рекла таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Двајцата за првпат беа видени заедно во јавност во ноември 2022 година. Тие беа фотографирани во Лос Анџелес, па оттогаш заедно се појавуваат на бројни настани низ светот.

Шер има два брака зад себе. Таа беше во брак со Сони Боно од 1964 до 1975 година и со Грег Алман од 1975 до 1979 година.

Исто така, таа беше во врско со Вал Килмер, Џин Симонс и Том Круз.

 

Поврзани вести

(Фото) Инфлуенсерка загина паѓајќи од зграда: Претходно полицијата била во нејзиниот стан

Urednik

Ќерката на Брус Вилис за здравствената состојба на актерот: „Гледам љубов кога сум со него“

Radmila Tasevska

📸 Фризурата на Мајли Сајрус на Греми наградите стана вирален хит

Radmila Tasevska