СТАНДАРД life
Фото Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) Црно мини здолниште и подвески: Шарлиз Терон ги залуде парижаните во облека што секој не може да ја носи

Навикнати сме само на најдобрите и најатрактивните модни комбинации од актерката Шарлиз Терон, па не изненадува ниту најновиот стил на оскаровката што го носеше на ревијата на „Диор“ на Модната недела во Париз, која се одржа на 3 март.

Терон се појави во Париз во издание кое беше истовремено смело, софистицирано и беспрекорно стилизирано, докажувајќи зошто сè уште се смета за една од најдобро облечените дами во Холивуд и зошто постојат комбинации што само неколкумина можат да ги изведат.

Актерката се појави на модната ревија на „Диор“ во црна облека од глава до пети, која ја замагли границата помеѓу сексапилот и високата мода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Шарлиз носеше мини кожено здолниште, кое го комбинирала со црно боди со длабоко деколте, додека подвеските дискретно ѕиркаа од под здолништето, давајќи му на стајлингот допир на провокативност, но без да биде вулгарно.

Врз сè, таа носеше долга црна наметка со истакната панделка околу вратот, што ѝ даваше на целата комбинација театарска, речиси кинематографски димензија.

Проѕирните црни хулахопки и класичните чевли со зашилен врв дополнително ја издолжија нејзината фигура, додека темните очила за сонце и елегантната, минималистичка фризура го заокружија впечатокот за беспрекорна, кул елеганција.

Она што е неверојатно кај актерката е што таа ја носи целата оваа привлечна комбинација со најголема природност и самодоверба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)


 

 

Поврзани вести

Диди оди во затвор

Urednik

Парис Хилтон го чека своето второ дете, ќе го именува по нејзиниот омилен град

Urednik

📸 По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Radmila Tasevska