СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) Нова борба со тешка болест на ѕвездата на „Полна куќа“: Повторно му дијагностицираа рак

Ѕвездата на популарната серија „Полна куќа“ (Full House), Дејв Кулиер, пред седум месеци објави како го победил не-Хочкиновиот лимфом. Но, за жал, се чини дека повторно ќе мора да се бори за своето здравје. Кулиер објави во емисијата „Тудеј“ на „Ен-би-си“ дека му е дијагностициран рак на јазикот, пренесува „Вариети“.

– Не е поврзано со мојата претходна дијагноза – рекол Кулиер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TODAY (@todayshow)


Тој додал дека пред неколку месеци отишол на рутински преглед и дека нешто е сомнително. Сепак, Кулиер не ја губи надежта.

– Прогнозата е многу добра. Во 90 отсто од случаите, се излекува. Но, она што навистина ми го спаси животот беше раното откривање на ракот. Не само првиот пат, туку и вториот пат. Така што, се надевам дека одите на прегледи. Се надевам дека ќе одите на колоноскопии, на прегледи на дојка и простата, бидејќи ова ќе ви го спаси животот – порачал тој.

Омилениот актер во ноември минатата година објави дека боледува од лимфом, што е вид рак на крвта. Тој, исто така, објасни за медиумите како се справува со хемотерапиите.

– Првата рунда беше многу интензивна бидејќи не знаете што да очекувате. Не знаете како ќе се чувствувате. Дали ќе ме погоди веднаш? Дали ќе биде страшно? Дали воопшто ќе можам да излезам од тука? – раскажал тој.

Во март оваа година, тој објави дека е излекуван.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Stamos (@johnstamos)

Поврзани вести

(Фото) Никогаш не си ги кажа годините: Почина легендарната дизајнерка, чии креации ги носеше и принцезата Дијана

Urednik

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Radmila Tasevska

Само четири мажи двапати ја освоија титулата за најзгоден маж на светот

Radmila Tasevska