СТАНДАРД life
Шоубиз

Хелен Мирен го откри трикот кој и помогнал да остане приземјена во Холивуд

Добитничката на Оскар, Тони, па дури и пет Еми не престанува да не воодушевува со својата личност! Хелен Мирен мотивираше многумина да го прифатат стареењето и седата коса како дел од нејзиниот шарм, а нејзиниот начин на живот не наликува на многу холивудски ѕвезди. Британката откри дека времето го исполнува со хоби кое ја научило на многу работи.

78-годишната актерка е приземјена од нејзината градина, а грижата за растенијата ја научила дека не е целата моќ во нејзини раце. Градинарството ја ослободило од егото и несигурноста бидејќи никој не може да ја контролира природата.

„Тоа некако ви го чисти мозокот. Не можете да имате его со градина. Едноставно, растението нема да расте онаму каде што вие сакате“, вели Мирен, заклучувајќи дека градинарството има медитативно дејство врз неа и на тој начин го „чисти“ мозокот.

Времето го поминува меѓу своите домови во Лондон и езерото Тахо, САД, а во текот на нејзината кариера Мирен не беше наметлива во своите настапи, туку елегантна во нејзината едноставност и умереност.

Таа ја споделува љубовта кон градинарството со нејзиниот сопруг Тејлор Хекфорд, со кого е во брак од 1997 година. Откри и дека заедно работат во градината и уживаат во растенијата што растат.

„Мојот сопруг е по дрвата, а јас сум за грмушки и цвеќиња. Тоа е класична поделба на трудот. Неверојатно е да се видат растенијата што сме ги засадиле“, вели актерката.

Поврзани вести

Познатата актерка за односот со ќерката: „Беше неподносливо“

Radmila Tasevska

Дуа Липа раскина со 14 години постариот дечко

Urednik

Здравствената состојба на Селин Дион се влошува, веќе не може да ги контролира мускулите: „Ниту еден лек не делува…“

Urednik