СТАНДАРД life
Шоубиз

Линдзи Лохан наоѓа мир во Дубаи: Строгите закони одиграле клучна улога

Познатата американска актерка Линдзи Лохан (39) ја изненади јавноста откривајќи ја вистинската причина зошто пред десет години го напуштила сјајот и гламурот на Холивуд и се преселила во Дубаи

За време на неодамнешното појавување во емисијата „Во живо со Кели и Марк“, Линдзи Лохан истакна дека строгите закони за приватност одиграле клучна улога во нејзината одлука да најде нов дом на Блискиот Исток.

„Тоа е едноставно далеку од Холивуд и живеам сосема нормален живот“, рече Лохан, додавајќи дека најголемото олеснување за неа е чувството на сигурност и фактот дека не мора да се грижи дека некој ќе го фотографира нејзиниот двегодишен син Луис за време на семејните излегувања.

Кога водителката ја праша дали има папараци во Дубаи, Линдзи објасни дека правилата се исклучително строги: „Не, не е легално. Не можете дури ни да фотографирате некој друг во ресторан без дозвола. Тоа е голема разлика од животот во Америка“, рече таа, нагласувајќи дека приватноста во Дубаи е на прво место.

Лохан, која живее во Дубаи од 2014 година, вели дека нејзиниот секојдневен живот таму е многу поизбалансиран отколку во деновите кога постојано била под лупа на медиумите. Со финансиерот Бадер Шамас, со кого се омажила во 2022 година, Лохан има син – Луаи.

Во текот на својата кариера, вели таа, честопати се чувствувала под притисок од негативниот фокус на медиумите: „Можам да правам 99 работи правилно и една погрешно, но тие секогаш ќе зборуваат за таа една грешка“.

И покрај сè, Лохан денес нагласува колку е важно да се остане верен на себе и на сопствената среќа.

Поврзани вести

ТАА БЕШЕ ТИВКО СТРАДАЊЕ НА СЕКОЈ МАЖ: Памела Андерсон се појави без трошка шминка на настанот и ги инспирираше сите жени!

Radmila Tasevska

Бритни Спирс целосно гола го прослави историскиот успех на својата книга (ФОТО)

Radmila Tasevska

📸 Машин Ган Кели шокираше со нова тетоважа: Целосно го покри горниот дел од телото

Radmila Tasevska