СТАНДАРД life
Шоубиз

Меган Маркл повеќе не носи веренички прстен: Принцот Вилијам е вклучен во се

Многумина забележаа дека Меган Маркл одамна не носи веренички прстен.

Меган Маркл и принцот Хари привлекуваат внимание на секој чекор. Долго време се во Америка, далеку од кралското семејство, се откажаа од сите кралски права и обврски, а често го користат медиумското внимание за да ги откријат деталите од врската со другите членови на семејството.

Во последниве месеци, многу се пишуваше за тоа како, наводно, работите не функционираат баш добро меѓу Хари и Меган. На принцот му здодеа животот во Америка, па дури се зборуваше дека има тајна соба во близина на неговиот дом во Калифорнија.

Гласините дополнително беа поттикнати од еден детал што многумина го забележаа, а тоа е дека Меган веќе некое време не носи веренички прстен на сите јавни настани.

Од друга страна, се појави објаснување зошто е тоа така. Очигледно Меган не сака дополнителни конфликти со семејството и поради оваа причина не носи прстен кој е дел од колекцијата на принцезата Дијана, со оглед на тоа дека за нејзините дијаманти е задолжен принцот Вилијам.

„Меган можеби го чува прстенот безбеден за да не ги изгуби дијамантите на Дијана, знаејќи дека тоа уште повеќе ќе ги затегне односите во семејството“, вели Лаура Тејлор, специјалист за веренички прстени.

Поради сето ова Меган веројатно го чува прстенот со оглед на тоа дека е многу можно поради тоа да станат мета на крадци.

Поврзани вести

Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за антисемитскиот пост

Urednik

📽 Селена Гомез го привлече вниманието со фустанот на доделувањето на Еми наградите

Radmila Tasevska

Откако постави титаниумска протеза, Канје Вест ги загрижи обожавателите: „Што му е на усната?

Radmila Tasevska