СТАНДАРД life
Шоубиз

На уште една холивудска врска и доаѓа крајот

Ако им се верува на добро информираните извори со кои контактира Us Weekly, на врската на Сандра Булок и Брајан Рандал наскоро би можела да и дојде крај. Со оглед на тоа што минатата година одвоија „време да размислат за сè“, не можат да „ги зграпчат конците“ и да ги средат своите емоции.

Се чини дека Сандра се надева на чудо, дека сепак ќе може да ги среди работите по долгиот период што го поминаа разделени“, потврдил добро информиран извор за Us Weekly.

Шансите за помирување се минимални, особено за 59-годишната Сандра Булок и две години помладиот Брајан Рандал, ова не е прва пречка во нивната врска. Тие се заедно од август 2015 година, кога актерката го ангажирала да ја фотографира роденденската прослава на синот Луис, но со текот на годините имаа многу подеми и падови, паузи и „оладувања“.

Последното во серијата „раскинувања еден од друг“, за време на кој размислуваа за нивната заедничка иднина, се случи есента 2022 година, а се чини дека оттогаш не можат да ги „соберат конците“ и да ги средат нивните чувства.

Иако цело ова време се трудеа да го држат својот приватен живот подалеку од јавноста, а актерката дури најави и повлекување од Холивуд за да се посвети на семејството, оваа вест сепак стигна до медиумите.

Она што ја привлече Сандра кај Брајан од самиот почеток е тоа што се чувствувала безбедно со него.

„Тој е тој човек кој секогаш ќе ѝ ја отвори вратата, ќе и ја држи јакната и ќе и помогне да ја облече. Брајан се грижи за неа на најдобар можен начин и таа се чувствува сакана со него“, откри близок пријател во 2017 година.

Поврзани вести

Пропадна уште едно пријателство на Меган Маркл?

Urednik

Кит Ричардс против рапот и поп музиката: „Секогаш беше ѓубре, тоа е суштината на се…“

Urednik

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Urednik