20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

Некогаш најубавата жена на светот призна: „Се изгладнував на најлош можен начин“

Во подкастот Ruthin Table 4, ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА раскажа како се изгладнувала за време на нејзината манекенска кариера.

Најлошо за неа, вели, бил десетдневниот Master Cleanse, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна. „Тоа вклучува само пиење солена вода и билен лаксативен чај десет дена по ред“, вели 58-годишната Линда.

„Неколку пати го пробав Master Cleanse, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот“, додаде таа. Таа отиде и во We Care Spa каде пиела само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Нејзиното здравје тогаш било многу лошо, вели таа.

„Во 90-тите, манекенките мораа да се прилагодат за да им одговара облеката“, рече таа.

“Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да се лишам така и да направам нешто такво”, додала некогаш најубавата жена на светот.

Инаку, Линда неодамна се присети на едно трауматично искуство од почетокот на нејзината кариера и откри како била принудена да се фотографира гола кога имала само 16 години.

Животната борба на Линда Евангелиста: „Не сакам да умрам!“

Поврзани вести

Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: Фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот (ФОТО)

Radmila Tasevska

Бритни Спирс целосно гола го прослави историскиот успех на својата книга (ФОТО)

Radmila Tasevska

„Срам да ти е!“: „Испливаа“ интересни работи на судењето на Роберт де Ниро и неговата поранешна помошничка

Urednik