СТАНДАРД life
Шоубиз

Обвинувањата за расизам не ја погодуваат Кејт Мидлтон: „Подготвена да се бори за она што го сака и она што мисли дека е правилно“

Кејт Мидлтон е миленик на Британците и Британките, а нејзиното насмеано и љубезно лице ги крие доблестите на решителност и храброст што ни ги покажува од година во година. Таа успешно ги помина сите предизвици, а последните обвинувања изнесени во книгата „Endgame“ не ја ни допреа.

Имено, Омид Скоби во својата книга откри дека кралот Чарлс и Кејт Мидлтон се членови на кралското семејство од чии усти излегоа расистичките коментари за Меган Маркл и Арчи. Иако е тајна која Хари и Меган ја чуваат долго време, британски новинар реши се да разоткрие и со тоа да го наруши угледот на кралот и идната кралица.

Сепак, не успеа…

Кејт Мидлтон реши да стави крај на неоснованите обвинувања и да покаже дека целата ситуација со Хари и Меган веќе воопшто не ја засега, а повеќе не обрнува внимание на застрашувачките коментари од нивниот штаб. Всушност, се однесува како да не ни знае што се зборува.

Среде целата драма околу наводниот расизам во кралското семејство, Кејт Мидлтон продолжи со своите вообичаени активности и организираше уште еден од серијата божиќни концерти во Вестминстерската опатија. Таа покажа весело лице и ведар дух, лице на владетел чија сила не може никој да ја разниша.

„Многу луѓе кои работеа со неа мислат дека таа е голема предност за кралското семејство бидејќи има неверојатен професионализам“, изјави кралскиот експерт за People, додавајќи: „Таа има јавна слика дека е убава и насмеана и, се осмелувам да го кажам тоа, безопасна. Но, таа всушност има силен ум, силна волја и подготвена да се бори за она што го сака и она што мисли дека е правилно“.

Најголемиот проблем на Кејт Мидлтон како идна кралица

Поврзани вести

Објавени се цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Загреб

Radmila Tasevska

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро јас да готвам, таа може да не убие сите

Urednik

📸 Бјанка Ценсори по полуголите изданија е снимена во долго палто и со шубара на главата

Radmila Tasevska