СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Омилениот инфлуенсер почина од рак на 23 години: Цела Италија тагува по Дамијано

Италијанскиот инфлуенсер Дамијано Алберти почина на 23-годишна возраст по речиси тригодишна, исцрпувачка борба со тешката болест. Веста, што ја потресе Италија и неговата голема заедница на социјалните мрежи, ја потврди неговото семејство во трогателна објава на Инстаграм, придружена со фотографија од насмеаниот Дамијан со микрофон во рака.

„Дамијано сега е слободен од сè што проживеа. Дел од нас одлета засекогаш“, напишаа тие, заблагодарувајќи им се на сите што го поддржаа за време на неговата тешка битка.

Алберти почина на Денот на вљубените, 14 февруари, но семејството ја сподели тажната вест со јавноста два дена подоцна, оставајќи зад себе илјадници скршени срца на оние кои го гледаа како симбол на храброст, чесност и непоколеблив дух.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano Alberti (@damiano_alberti)


Дамијано изгради заедница од речиси сто илјади следбеници на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб, каде што првично споделуваше содржини за фитнес, патувања и студентски живот. Сепак, неговиот живот и содржината што ја создаваше доживеаја целосен пресврт во мај 2023 година, кога јавно објави дека му е дијагностициран малиген тумор на ногата.

Неговото видео на Јутјуб насловено како „365 дена подоцна – приказната за мојата болест“ стана вирално, а во него тој детално и без разубавување опиша како дознал за дијагнозата и како изгледале првите циклуси на лекувањето. Тој отворено зборуваше за стравот, но и за неверојатната желба за живот што го туркала напред. Неговата искреност длабоко одекна меѓу публиката, а неговата приказна стана извор на инспирација за илјадници луѓе. Тој не се срамеше да ја покаже својата ранливост, признавајќи во едно од неговите подоцнежни видеа дека понекогаш се борел и со менталното здравје поради тешките вести и неизвесноста.

„Станав, да го кажеме така, морбидна личност без цел, без ништо свое кон што би се стремел“, искрено призна тој, покажувајќи дека дури и во најтешките моменти останал само човек.

И покрај сè, неговиот дух останал нескршлив. Дури и кога бил принуден да прави паузи од креирање содржини поради хоспитализации, тој им порачувал своите следбеници дека едвај чека да се врати.

„Оваа пауза е присилна за мене и ја имам целата желба на светот да продолжам да создавам содржина. Едвај чекам да се вратам“, напиша тој во една од објавите.

Преку лекувањето, тој беше подложен на бројни операции, а на крајот му беше ампутирана и ногата. На крајот од 2025 година, се појави зрак надеж; тој објави видеа од тоа како учи повторно да оди со помош на протеза, исполнет со оптимизам и желба да се врати во нормален живот. За жал, на почетокот на 2026 година, неговата состојба одеднаш се влоши бидејќи ракот се прошири, што на крајот доведе до откажување на организмот.

Неговата последна објава на Инстаграм, фотографија од себе како пие кафе во Лондон со натпис „Лондон помеѓу родендени, љубов и преоптовареност“, сега стои како болен потсетник за животот што сакаше да го живее до максимум.

По објавувањето на неговата смрт, бран сочувства ги преплавија социјалните мрежи. Бројни влијателни личности му се збогуваа, како што се Џоди Чечето, која напиша: „Многу ме научи, помлад брате“, и Самара Трамонтана, но и илјадници следбеници чии животи ги допре. Пораки како „Не можам да верувам колку може да биде неправеден животот“, „Почивај во мир, ангелу“ и „Ти благодарам за твојата искреност“ го исполнија делот за коментари.

Колку многу Дамијано значеше за неговата локална заедница, сведочи гестот на градот Черветери, каде што живееше. Како знак на жалост и почит кон него и неговото семејство, градските власти ја откажаа планираната карневалска парада.

Поврзани вести

Како на свадба: Џенифер Лопез и Бен Афлек блеснаа во бело (ФОТО)

Urednik

📸📽Џенифер Лопез го прослави својот 56-ти роденден со стил: Ги покажа градите во фустан со длабоко деколте

Urednik

Џеки Чен се игра себеси во нова акциона комедија

Urednik