СТАНДАРД life
Шоубиз

Позната пејачка: Татко ми повика полиција откако ја изгубив невиноста

Пејачката Лили Ален откри како реагирал нејзиниот татко Кит Ален кога ја изгубила невиноста. Ален неодамна се појави во поткастот на комичарот Алан Кар, Life’s a Beach, каде што се отвори за времето кога ја изгубила невиноста додека била на одмор со нејзиниот татко, актерот Кит Ален и славниот брат Алфи Ален. „Ја изгубив невиноста со момчето Фернандо во Бразил кога имав околу 12 години“, откри таа, пред да појасни: „Не, се шегувам“.

Иако Ален не откри колку години точно имала кога ја изгубила невиноста, таа му рекла на Кар дека „никогаш повеќе не разговарала со Фернандо“ по нивниот состанок. Пејачката признала дека искуството било „малку трауматично“ затоа што татко и ја повикал полицијата истата вечер.

„Всушност исчезнав. Отидов во неговата хотелска соба – бев на одмор со татко ми и брат ми – и не се вратив во мојата соба“, рече Ален. Таа објасни дека „преспала а следното утро“, полицијата го разбудила „целиот хотел“ каде што престојувале. „Полицајците буквално ја чешлаа плажата и на луѓето им покажуваа маици со кои прашуваа: „Ова ли го носеше?“, додаде таа.

„Луѓето мислеа дека се удавив. Немав срце да кажам: „Не, само ја изгубив невиноста“. После тоа немав секс некое време“, изјавила 38-годишната пејачка.

Инаку, британската пејачка е во брак со ѕвездата од серијата Stranger Things, Дејвид Харбор. Двајцата се запознале преку апликацијата за запознавање Реј додека тој го снимал Black Widow во Лондон. Тие се венчаа во септември 2020 година на интимна свадбена церемонија во Лас Вегас. Ален претходно беше во брак со Сем Купер, со кој ги има ќерките Етел и Марни.

Поврзани вести

Тејлор Свифт за прв пат во јавност со познат спортист: Се држат за раце и не се одвојуваат еден од друг (ФОТО)

Radmila Tasevska

Расел Бренд ги моли фановите за пари: „Претворете ја моралната поддршка во финансиска поддршка“

Urednik

Кејт Мидлтон пристигна во Шкотска во очекуваната боја – кралско сина (ФОТО)

Urednik