СТАНДАРД life
Шоубиз

Расел Бренд ги моли фановите за пари: „Претворете ја моралната поддршка во финансиска поддршка“

Расел Бренд побара од фановите да ја претворат својата морална поддршка во финансиска поддршка додека тој се бори откако беше обвинет за силување и сексуален напад на четири жени, вклучително и 16-годишна.

48-годишниот актер ги повика своите следбеници да издвојат 60 долари годишно за да станат претплатници на Rumble, видео-апликација која е ривал на YouTube. Неговото барање доаѓа само неколку часа откако лондонската полиција започна широка истрага за „многубројните наводи за сексуално недолично однесување“ против Бренд, кој жестоко ги отфрли. Комичарот тврди дека ова не е ништо повеќе од заговор за негово замолчување и „независни медиумски гласови“.

„Сега знаете дека сум демонетизиран на YouTube“, рече тој во понеделникот вечерта на Rumble, мислејќи на забраната на платформата што го спречува да ги монетизира содржините што ги објавува. „Потполно сум свесен дека владата напиша на социјалните мрежи барајќи дополнително да бидам цензуриран. Глобалната медиумска војна против слободата на говор е во полн ек“, продолжи тој.

„Денес, се разбира, зборуваме за настаните од минатата недела, но особено за дослухот меѓу технологијата и владата и очигледниот заеднички напор на медиумите, а сега и државата и технологијата, да ги замолчат гласовите на независните медиуми. Очигледно, тешко ми е да бидам целосно објективен, но тоа е она што ќе се обидам да го направам“, додаде тој.

Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Поврзани вести

Шарлиз Терон стави крај на гласините за пластичните операции

Urednik

Легендарниот режисер откри зошто никогаш не ги гледа своите филмови во јавност

Radmila Tasevska

Џеки Чен се игра себеси во нова акциона комедија

Urednik