Американскиот актер Роберт де Ниро во ново интервју зборуваше за својата најмлада ќерка, опишувајќи го искуството да се биде 80-годишен татко како „одлично“.
Двократниот оскаровец минатиот мај изјави дека го дочекал седмото дете на 79-годишна возраст.
„Се чувствувам одлично. Сè што ме „јаде“ или ме загрижува едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Така што само по себе е чудесно”, рекол Де Ниро во интервју за американскиот магазин AARP наменет за возрасната група над 50 години, цитиран од Ројтерс.