СТАНДАРД life
Шоубиз

Вака Синди Крафорд одржува витка линија во шестата деценија

Синди Крафорд важеше за една од најпопуларните и најатрактивните модели.

Синди Крафорд во претходните 30 години не го промени значително својот изглед кога е во прашање фигурата, па и сега кога има 60 години може да се пофали со совршена линија.

И покрај добрите гени, манекенката е посветена на својот изглед, па редовно вежба и е поддржувач на здравата исхрана.

Сепак, гладувањето не доаѓа предвид. Синди Крафорд јаде пет до шест мали оброци дневно, кои се состојат од 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% здрави масти, пишува „Индекс.хр“.

Крафорд јаде јајца, сирење и парче ’ржан леб за појадок. Потоа во средината има овошна закуска, а за ручек риба или пилешко со зеленчук и парче леб. Попладневната ужина содржи овошје или 30 грама сирење, а вечерата е варено говедско месо, салата со маслиново масло и грав. На крајот од денот, познатата манекенка пие чаша јогурт или кефир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Овој режим може да биде многу ефикасен за слабеење, па затоа често се опишува како диета со која може да изгубите и до пет килограми за седум дена.

Поврзани вести

📽 Машин Ган Кели со емотивна порака за спонтаниот абортус на Меган Фокс

Radmila Tasevska

Мајкл Бубле по 27 години ја завршува музичката кариера: „Ми стана малку монотоно…“

Urednik

Врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид станува се посериозна

Urednik