Групата „Лавина“ со песната „Крај мене“ победи на српскиот натпревар „Песна за Евровизија 2026“ и ќе ја претставува Србија оваа година на Евровизија во Виена. Членовите на бендот не ја кријат својата среќа за победата, за која велат дека не ја очекувале, но ветуваат дека ќе дадат сè објави Скопје1.мк од себе во Австрија.
Бендот „Лавина“ го освои првото место по одлука на публиката и на стручното жири. Емоциите кулминираа во моментот на објавувањето, кога фронтменот Лука Аранѓеловиќ со солзи им се заблагодари на сите што им дадоа поддршка и доверба.
Тие ги споделија своите први впечатоци по победничката вечер за српски „Блиц“.
„Целиот фестивал беше многу емотивно искуство за нас. Сè уште ми изгледа нереално, како да сонуваме, не сме свесни што се случува. Неизмерно сме благодарни на сите и сме многу среќни“, рекоа момците, а еден од нив призна: „Ова ќе ми биде прв пат да одам во Виена“. Додадоа дека не планирале да победат.
„Ние сме шест момци кои ја сакаат музиката, сите нејзини видови и сите музичари. Музиката ни е на прво место и сакаме да ја пренесеме таа страст на сите“, рекоа тие. објави Скопје1.мк
Иако нема многу јавно достапни информации за членовите на бендот, познато е дека нивниот пејач е професор по музичка култура во Бујановац, Србија.
За време на финалната вечер, Аранѓеловиќ ги поздрави своите ученици од сцената, кои го следеа и го бодреа во текот на целото натпреварување.
Бендот од Ниш, познат по своите енергични и моќни настапи, исто така приреди жестоко метал шоу во финалето.
„Ги оставивме срцето и душата на оваа сцена и луѓето се воодушевија. Пред две вечери ја прославивме победата на бензинската пумпа, купивме вода и тоа беше тоа. Ние сме од мал град, практично сме никој и ништо, а добивме голема поддршка. Немаме конкуренција, ние тука сите сме колеги, се дружиме и се бодриме едни со други. Никогаш не сме биле посреќни отколку во полуфиналето, тоа е врвот на нашата музичка кариера. Одиме да отсвириме едно силно метал шоу, па што биде нека биде“, изјавиле тие за српските медиуми.
