СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Хаос на улиците во Виена: Инфлуенсер фрли 10.000 евра од балкон, луѓето се разграбаа

Вистински метеж и паника настана на една улица во Виена откако инфлуенсер од балкон почнал да фрла купишта пари – наводно околу 10.000 евра.

Во долниот дел од виенската улица Маријахилферштрасе, инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек, познат како МаксаМилион, фрли 10.000 евра во готово од балконот, што предизвика хаос и туркање на насобраната маса луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MaxaMillion (@maxobeyme)

И покрај обилните снежни врнежи и ниските температури, стотици млади луѓе се собраа во Виена кога се прошири веста дека популарниот инфлуенсер планира необичен настап.

Од балконот на зграда на фреквентната улица, Вајсенбек фрли 10.000 евра во банкноти, кои се расфрлаа во зимската вечер.

Младите луѓе, желни да фатат што е можно повеќе пари, почнаа да се туркаат едни со други и да бркаат по летачките банкноти, додека некои се лизгаа по земјата покриена со снег.

Акцијата беше замислена како промоција за неговиот бренд „Gamechanger Socks“, но се претвори во турбулентен настан што остави многу минувачи запрепастени.

 

Поврзани вести

📸 По разводот со Софија Вергара, Џо Манганело ја претстави новата девојка

Radmila Tasevska

Бредли Купер ја запроси 20 години помладата Џиџи Хадид, добил благослов од нејзината мајка

Urednik

Убиството на холивудскиот режисер и неговата сопруга го шокираше светот: Синот ги заклал, ќерката ги пронашла телата на родителите

Urednik