СТАНДАРД life
Шоубиз

📹Најексплицитниот настап на Џеј Ло во целата нејзина кариера? Симулираше секс со танчери, обожавателите беа згрозени

Пејачката Џенифер Лопез ја шокираше публиката со провокативен настап на Кук музичкиот фестивал во Тенерифе. Лопез се појави на сцената во саботата во смело трико со прорезови, кое ја истакнуваше нејзината бујна позадина.

Сепак, малкумина ја гледаа нејзината облека кога Џенифер почна да симулира секс пози со своите танчери. Во еден момент, Џеј Ло пееше на сите четири пред еден од танчерите, а потоа другиот ја крена на своето рамо.

Потоа Лопез го сврте нејзинотo меѓуножје кон неговото лице и тој ја фрли на подот.

Пејачката ја запрепасти публиката откако „јаваше“ еден од танчерите, додека ги ставаше рацете меѓу нозете на другите двајца танчери.

Видеото од настапот се прошири на социјалните мрежи, а Џенифер се најде на мета на негативни критики. „Ова е премногу“, „Одвратно“, „Непотребно и не е забавно“, беа само дел од коментарите.

Поврзани вести

Џесика Алба отишла на психотерапевт со ќерката: „Секогаш бев нејзин негативец“

Urednik

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik

Сем Асгари за прв пат проговори по разводот: „И посакувам се најдобро, ср*ња се случуваат…“

Radmila Tasevska