СТАНДАРД life
Стил

Гламурозниот костум одлично и стои: Деми Мур го украде шоуто на модната ревија на „Версаче“

Новата ревија на модната куќа „Версаче“ ја затвори легендарната Клаудија Шифер во блескав фустан, а во креација со истиот ефект вниманието од првите редови го привлече 60-годишната Деми Мур.

Холивудската ѕвезда малкумина остави рамнодушни со својот изглед во полноќно сино одело изработено од сатенска свила, украсено со златен вез на ракавите и многу реси на панталоните, соодветно потпишан од италијанската модна куќа „Версаче“.

Ѕвездата на филмот „G.I.Jane“ на ревијата ја придружуваше креативниот директор на „Фенди“, дизајнерката Ким Џонс, како и крзненото милениче кое не го пушти од рака.

Поврзани вести

📸Никол Кидман воодушеви во уште еден одличен црн фустан

Urednik

(ВИДЕО) Макрон ги седна на иста маса милијардерот Арно и кралот Чарлс, Мик Џегер, Дидие Дрогба, Хју Грант…

Urednik

📸Ниту ниските температури не ја натераа познатата бринета да го сокрие својот фантастичен фустан со капут

Urednik