Оскаровката Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан, беа ѕвездите на црвениот тепих на 57. Годишни награди CMA што се одржаа во Нешвил.
Славната двојка, која оваа година во јуни прослави 17 години брак, за таа пригода ги усогласи своите црни стилови.
Убавата Австралијка изгледаше сензационално во фустан од Coperni со исечени детали, кој ја откри нејзината неверојатна фигура, а оваа впечатлива креација ја заокружи со шик накит од Rainbow K.
Воздушеста шминка и лежерна фризура го заокружија овој гламурозен изглед.
Нејзиниот сопруг Кит се одлучи за стил кој вклучува црна кошула, црни панталони и кожени чизми во груб дизајн.
Парот, кој има две ќерки, цело време се држеше за раце, разменувајки љубовни погледи.
„Го запознав подоцна во животот и тоа е најдоброто нешто што ми се случило“, изјави еднаш убавата актерка.