СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Елон Маск претстави свињи со чипови и порача: Би можел и јас да го имам сега вградено (видео)

Илон Масл во петокот демонстрирал демо верзија на својот најнов технолошки изум – мозочни импланти. Но, тој не го тестирал на луѓе, туку демонстрацијата ја извршил врз свињи.

За време на преносот во живо, Маск претставил три свињи: едната во која немало имплант произведен од неговата компанија „Neuralink“, едната во која имплантантот бил всаден во минатото и подоцна бил отстранет и Гертруда, свиња која во моментов има прототип уред.

Тој објаснил како експертите го вметнале имплантот во Гертруда пред два месеци и дека е поврзано со невроните во нејзината уста. Кога Гертруда ќе допрела нешто со својата уста, активирани биле електрични импулси на мозокот, кои во имплантот регистрираа повеќе од 1000 електроди, пишува Си-Ен-Ен.

Маск објави во 2019 година дека неговиот невротехнолошки старт „Neuralink“, планира да започне да всадува уреди во човечкиот мозок веќе следната година со цел да се постигне „симбиоза со вештачката интелигенција“.

Neuralink е во состојба да го предвиди движењето на животните со „голема точност“, додека тие трчаат на лента, користејќи ги податоците добиени од имплантантот, рече Маск, опишувајќи го сензорот како помал од прстот.

„Би можел и јас да го имам сега вградено, никој не би знаел“, мистериозно рече тој. “А можеби и имам”.

Компанијата со седиште во Сан Франциско побара одобрение од Управата за храна и лекови на САД за проект во кој научниците развија мал имплант со повеќе од 3.000 електроди, прикачени на флексибилни нишки кои се десет пати потенки од косата и се способни да следат околу 1.000 неврони.

Компанијата се надева дека оваа иновација на некој начин може да доведе до изнаоѓање лек за невролошки состојби како што се Алцхајмерова болест, деменција и повреди на ‘рбетниот мозок.

Маск рече дека имплантабилниот уред може „всушност да ги реши овие проблеми“, исто така споменувајќи и губење на меморијата, губење на слухот, депресија и несоница. Конечно, тоа би можело да ги поврзе луѓето со вештачка интелигенција.

Маск претходно предупредуваше на ризиците што ги предизвикува вештачката интелигенција, но рече во петокот дека имплантантот „ќе ја обезбеди иднината на човештвото како цивилизација“.

Првите студии ќе се фокусираат на пациенти со парализа или параплегија.

Повеќето најсовремени истражувања за поврзаноста помеѓу мозокот и компјутерите се прават на животни, бидејќи безбедносните предизвици и регулаторните бариери го спречуваат тестирањето кај луѓето.

Поврзани вести

Наскоро можно плаќање и трансфер на пари преку WhatsApp

msp-admin

Signal во новото ажурирање носи поефикасно управување со податоците

Влатко Зорба

Instagram ја исклучува Lite апликацијата и прави нова верзија

msp-admin