СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

ЕУ создава „дигитален близнак“ на планетата Земја

Европската унија ги финализира плановите за создавање платформа што би бил „дигитален близнак“ на планетата Земја и ќе служи за симулирање на атмосферата, океаните, мразот и копнените површини со голема прецизност, што ќе овозможи прогнозирање на поплави, суши и пожари со денови, па и со години однапред, известува списанието Science.

Целта на создавање на модел наречен „Destination Earth“ е да се вклучат, покрај специфичните научни податоци за климата на Земјата, и податоци за човековото однесување, што ќе овозможи да се види специфичното влијание на климатските промени врз општеството, но и да се процени влијанието на различните политики и мерките донесени во различни делови на светот.

Платформата ќе биде напојувана од суперкомпјутери, за да интегрира дигитални реплики на различни делови на климатскиот систем, како што се достапност на храна и вода, глобална циркулација на океаните и многу други аспекти.

Дигиталниот близнак е дигитална копија на жив или нежив физички субјект, а конкретно оваа платформа е важна затоа што ќе може да им обезбеди на експертите, но и на сите други корисници пристап до информации, услуги, модели, сценарија, симулации и предвидувања.

Според планот, „Destination Earth“ ќе може да ги заснова своите предвидувања на многу точни податоци за температурата и притисокот што ќе се собираат од метеоролошките станици, сателитите и авионите, со цел понатаму да служи за проектирање на предвидувањата на последиците.

Важен напредок може да се забележи во фактот дека платформата ќе содржи податоци во реално време, кои графички покажуваат загадување на атмосферата, раст на земјоделските култури, шумски пожари и други феномени за кои се знае дека влијаат на временските услови и климата, вели научник за системот на земјата во Суперкомпјутер центар во Барселона, Франциско Доблас-Рејес.

„Ако вулкан еруптира, тоа е многу важна информација за да се процени ризикот од недостаток на врнежи од дожд во одредена област“, ​​објаснува Доблас-Рејес, додавајќи дека сателитот исто така ќе собира податоци за општеството, како што се употребата на енергија, сообраќајните обрасци и движењата на луѓе, што би се следело од нивните мобилни телефони.

Со помош на собраните податоци на платформата, креаторите на политиките ќе можат директно да ги проценат начините на кои климатските промени ќе влијаат на општеството, но во исто време и како општеството може да влијае на климатските промени. Планот е да се спроведе оваа платформа постепено во следните седум до десет години, почнувајќи од 2021 година.

Во време кога се повеќе се соочуваме со последиците од климатските промени, како што се разорни бури, жешки бранови, шумски пожари, но и многу други екстремни временски прилики, важно е да се дејствува што е можно побрзо за да се ублажат овие последици. Затоа, креирањето на вакви платформи, кои моделите можат да ги предвидат крајностите, ќе биде од големо значење во иднина.

Поврзани вести

Биткоинот урна нов рекорд

Никола Поповски

Qualcomm и Niantic работат на паметни очила

msp-admin

Како некој може да ги види сите слики и видеа на вашиот заклучен телефон благодарение на „баг“ на Facebook?

Stefanija Kuzmanovska