За оние корисници, кои поседуваат Oculus VR, Facebook конечно ја интегрираше својата услуга Messenger во платформата.
Ова значи дека корисниците кои сакаат да разговараат со пријателите во VR средина сега можат да го сторат тоа користејќи го Messenger.
„Од оваа недела започнува испораката на Messenger до Oculus, за корисниците кои се најавени на Quest и Quest 2 преку нивните сметки на Facebook. Со ова ажурирање, корисниците можат да изберат да разговараат со пријателите на Facebook каде и да постои Messenger, дури и ако не се во VR околина“, велат од Facebook.
Од компанијата додаваат дека корисниците ќе можат да разговараат користејќи различни методи, без разлика дали испраќаат пораки во VR, избираат претходно креирани разговори или ја користат voice-to-text функцијата.