СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук конечно овозможи „темен режим“ на десктоп верзијата

Фејсбук конечно им овозможи на корисниците на десктоп компјутери да постават „темен режим“. Од Фејсбук за „TechCrunch“ споделиле дека „почнувајќи од денес, повеќето луѓе на Фејсбук ќе имаат пристап до нов дизајн на десктопот верзијата“. Ова вклучува „темен режим“ што може да се вклучи и исклучи преку Settings менито.

Ова се подготвува веќе подолго време. Фејсбук првпат вети почист и побрз десктоп интерфејс на конференцијата за развивачи Ф8 минатата пролет. Ограничен број на корисници започнаа да го тестираат обновениот дизајн во јануари. Ако ја користите десктоп верзијата на Фејсбук, најверојатно ќе видите транспарент на горниот дел од страницата со прашување дали сакате да го пробате „Новиот Фејсбук“. Засега, сè уште можете да преминете на „класичен Фејсбук“ ако изберете, но редизајнот ќе стане стандарден подоцна оваа година.

Другите промени вклучуваат централизирани јазичиња за Facebook Watch, Marketplace, Groups и Gaming. Дури и ако на корисниците не им се допаѓаат сите аспекти на редизајнираниот интерфејс, „темниот режим“ веројатно ќе биде популарен. Веќе е достапен на бројни апликации во сопственост на Фејсбук, вклучувајќи ги Messenger, Instagram и WhatsApp. Покрај тоа, постои добра шанса корисниците да ги гледаат нивните екрани дури и повеќе за време на пандемија на коронавирус, а тоа може да помогне во намалување на притисокот врз очите.

Поврзани вести

Ковид-пасоши засновани на блокчеин се издаваат во Њујорк

Влатко Зорба

Apple може да го замени iPad mini со поголем iPhone

Влатко Зорба

„Кинескиот крал“ претстави еден од најмоќните телефони за 2021 година

Влатко Зорба