СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple можеби подготвува 15 инчен MacBook Air

На почетокот на оваа година се појавија информации дека Apple можеби работи на „Macbook Air“ од повисок сегмент. Една од карактеристиките на линијата Macbook Air е подостапна цена во рамките на екосистемот на Apple, но се чини дека има и такви кои бараат поголема моќност и од овој модел.

Според „Блумберг“, наскоро би можеле да видиме токму таков лаптоп Air. Новинарот на „Блумберг“, Марк Гурман тврди дека Apple развива поголем 15-инчен MacBook Air. Во моментов, максималната големина на MacBook Air е 13 инчи, така што поголемиот модел може да има и помоќен процесор и други елементи покрај зголемениот дисплеј.

Извештајот, исто така, сугерира дека Apple може да го редизајнира својот MacBook Air, но не е познато на што конкретно се однесува тоа. Се споменува дека лаптопот ќе биде потенок и полесен, со помали рамки околу екранот.

Нема информации за тоа кога ќе биде објавен 15-инчниот MacBook Air, но бидејќи моделите на Apple M1 MacBook Air беа објавени кон крајот на 2020 година, можно е нов модел да се очекува кон крајот на оваа година или почетокот на 2022 година.

Поврзани вести

Елон Маск претстави свињи со чипови и порача: Би можел и јас да го имам сега вградено (видео)

msp-admin

Како се станува милионер, ако сте „бел“ хакер?

msp-admin

Huawei Mate X ќе излезе во продажба во Кина од 15 ноември

msp-admin