СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Минералното богатство на Србија вреди повеќе од 200 милијарди долари

Вредноста на минералното богатство на Србија веди повеќе од 200 милијарди долари и тоа богатство треба да се искористи на одржлив начин, рече министерката за рударство и енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ.

„Целта е да се привлечат нови инвестиции во Србија и за околу три години уделот на рударството во БДП да биде близу четири проценти, наместо 1,9 проценти. Покрај тоа, ние сакаме развојот на рударството да биде одржлив и сè што се прави во оваа област да се направи со почитување на сите прописи и највисоки стандарди во областа на животната средина“, рече Михајловиќ за специјалниот број на списанието „Корд“ посветен на рударството .

Таа изјави дека една од целите на претстојните измени и дополнувања на законот од областа на рударството и енергетиката е трансфер на системот за е-дозволи при издавање градежни дозволи и на енергијата и на рударството.

„Ова значи дека дозволите ќе бидат издадени во пократок рок, во просек од сегашните 150 дена на околу 15 дена, и дека инвеститорите ќе можат точно да следат во која фаза е нивната постапка“, објасни Михајловиќ.

Поврзани вести

Аеродромите во Црна Гора ќе изгубат најмалку 14,1 милиони евра во спорови со своите работници

Влатко Зорба

Поранешни работници на Твитер обвинети за шпионирање на Саудиска Арабија

msp-admin

Кои се најголемите профитери од пандемијата?

msp-admin