СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Galaxy Note 20 ќе има „waterfall“ дисплеј и вграден проектор

Samsung веќе ги претстави своите импресивни нови смартфони од висока класа, а преднарачките на Galaxy S20 стартуваат за неколку дена. Откако помина еуфоријата околу подобрувањата во паметните телефони, природно очите се насочени кон следните премиум уреди на компанијата. Официјалното претставување на Samsung Galaxy Note 20 ќе биде во третиот квартал доколку Samsung се придржува кон својата традиционална стратегија на пазарот на паметни телефони. Податоците за регистрација на патенти на корејскиот гигант откриваат интересни детали за Samsung Galaxy Note 20.

Атрактивниот изглед на уредот ќе вклучува дисплеј кој е заоблен од четири страни и елегантно се „влева“ во самата рамка. Сепак, паметниот телефон ќе понуди физички копчиња на металната рамка што ќе функционираат преку специјални отвори во стаклото, пренесува TechRadar. Ве потсетуваме дека со Samsung Galaxy S20, кривините околу екранот се многу помали, а тоа е една од најголемите разлики во однос на Samsung Galaxy Note 20. Овој концепт ќе и овозможи на компанијата да се натпреварува поуспешно со Oppo која работи на слична технологија наречена Waterfall Screen.

Скиците поврзани со патентни документи покажуваат присуство на три селфи-камери во предниот дел, како и 3,5 милиметарски аудио приклучок. Другите спецификации ќе содржат подобра верзија на S-Pen и дисплеј од 6,8 или 6,9-инчи, кој поддржува стапка на освежување од 120Hz. Според Samsung, тие размислуваат да користат вграден проектор во Samsung Note 20. Функцијата не се наоѓа во кој било друг паметен телефон на пазарот и ќе се претвори во нови оружје на уредот.

Поврзани вести

Apple го отфрли последниот обид на Parler да се врати во App Store

Влатко Зорба

Xiaomi Mi 10T Pro доаѓа во Европа, познато е колку ќе чини

msp-admin

HarmonyОS: Huawei го претстави новиот концепт на поврзување за поедноставен живот

Влатко Зорба