СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google предупредува: Оваа опција го нарушува менталното здравје, ќе ja промениме на нашите телефони

Google спроведе истражување според кое 70 проценти од фотографиите се направени од Android – всушност селфи фотографии, а 24 милијарди фотографии во апликацијата Google Photos носат селфи ознака.

Од оваа компанија доаѓа важно предупредување до корисниците на социјалните мрежи дека селфи фотографиите можат да ги вознемират луѓето, односно да ги натераат луѓето да се чувствуваат лошо поради нивниот изглед. Затоа, тaа ќе ги промени првичните поставки во фотоапаратот на svojot мобилен уред.

За Pixel 4a, 4a 5G и Pixel 5, таа ќе го исклучи ретуширањето на фотографијата како вообичаена почетна опција во нејзината „Camera“ апликација. Наскоро ќе го смени името на опциите за ретуширање за, како што велат, да избегнува зборови што некои луѓе ги прави да се чувствуваат лошо, како што е употребата на зборот „убавина“, пренесува PCPress.

Ова значи дека во иднина, ако некој сака да разубави фотографија – Google детално ќе објасни што треба да стори за да примени одредени промени. Google наведува дека соработувале со фотографи за венчавки на овој проект, со цел да се најде вистинската рамнотежа за тоа како луѓето најмногу сакаат да се гледаат себеси, пренесува изворот.

Поврзани вести

Овие телефони први ќе добијат замена за Андроид

Пристигнува големо ажурирање за Chrome

msp-admin

Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

Влатко Зорба